Хрватска доби 142,5 милиони евра неповратна помош од ЕУ

Од:

Република Хрватска денеска доби 142,5 милиони евра неповратна помош од Европската унија за два проекти кои и тоа како ќе и помогнат на оваа држава која последна и се приклучи на Унијата во подобрување на стопанството и воопшто на државниот буџет.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Координацискиот одбор на Инструментот за поврзување на Европа (ЦЕФ), претпладнево одобри 102 милиони евра за изградба на пловечки терминал за течен плин (т.н. ЛНГ-терминал) на островот Крк, а Хрватите ќе добијат и уште 40,5 милиони евра за заеднички проект со Словенија за унапредување на системот за преносот на електрична енергија.

Според Европската комисија, овие два проекти за кои Хрватска добива 142,5 милиони евра се дел од целиот пакет во износ од 444 милиони евра за вкупно 18 енергетски проекти во Европа.

Инаку, проектот за ЛНГ-терминал на островот Крк предвидува складирање на течен плин. Неговата изградба се очекува да заврши во 2019 година, а вкупната вредност изнесува 363 милиони евра, од кои 30 проценти се покриени со помошта што денес ја добија Хрватите од ЕУ.

За вториот хрватско-словенечки проект за пренос на електрична енергија, пак, одобрените 40,5 милиони евра од Унијата се 51 проценти помош од вкупната цена за целосна изградба на истиот.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин