„Хонда“ во фабриката во Охајо обезбедува струја од ветер

Од:

Комапнијата „Хонда“ во својата фабрика во Охајо, во  САД, почна  со инсталирање на турбина за добивање електрична енергија од ветрот.

Кога електраната на ветер ќе почне да работи со полн капацитет, ќе задоволува 10 отсто од потребите на фабриката за струја.

На овој начин, „Хонда“ ќе стане првиот производител на автомобили во САД чии погони ќе добиваат значително количество електрична енергија од ветерниците поставени во кругот на фабриката.

Турбините на ветер имаат капацитет од околу 10 гигават часови годишно, а со нивното инсталирање „Хонда“ ги заокружува напорите своето производство, но и своите автомобили да ги направи еколошки поприфатливи.

Компанијата си постави  за цел до 2020 години да ја намали емисијата на ЦО2 од своите автомобили за 30 отсто, во споредба со 2000 година. Освен тоа, во план е и значајна редукција на емисијата на јаглен-диоксид што настанува како продукт на производството на автомобилите на компанијата „Хонда“.

Јапонскиот производител им се придружи на напорите на другите автомобилски компании што имаат погони во САД, своите фабрики да ги направат „позелени“.

Кон крајот на јануари, „Фолксваген“ во Тенеси ја пушти во работа својата соларна електрана која подмирува 12,5 отсто од потребите  на оваа фабрика за електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска