Хоџа: Очекувам решение од денешната средба со тутунарите кај премиерот Заев

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа е оптимист дека на денешната средба со тутунарите во Владата, чиј домаќин е премиерот Зоран Заев, ќе се изнајде решение за проблемите со откупот на тутунот.

Хоџа не е задоволен од постигнатиот напредок во однос на проценката просечната цена. На производителите им порача дека нивниот труд ќе биде вреднуван.

-Јас усм организатор на средбата кај Заев по барање на Иницијативниот одбор за протести на тутунарите. Ќе се разговара за целата ситуација во која се наоѓа откупот. Верувам дека аргументите и сите ставови искажани во овој период се во насока на решавање на проблемот и затоа е и оваа средба, да видиме ако може да се интензивира делот на најбрзо можно решение. Реално, има подобрување, но јас не сум задоволен со ритамот на тоа подобрување во делот и на вреднувањето на тутунот и на просечната цена. Но, бидејќи одиме во нагорна линија, сепеак сум оптимист дека ќе се постигне решение кои би било оптимално, рече министерот, одговорајќи на новинарско прашање по отчетот за сработеното во првите 100 дена.

Според Хоџа, има многу поплаки од страна на тутунарите за проценката, посебно на втората класа.

-Никогаш порано немало ваков рекорд. Има многу поплаки. Но, тоа е плус мотив тутуанрите да бидат убедени дека нивната работа ќе се вреднува и дека нема да биде во духот како што е сега од страна на откупувачите. Во оваа фаза, повторувам, јас сум оптимист, ги користиме сите механизми за изнаоѓање решние, а доаѓаат и првите резултати, нагласи Хоџа.

Во однос на четвртата класа, повтори дека правни механизми за нејзино укинување постојат, но за тоа добро ќе се размисли и мора да биде во договор со производителите за да нема никакви несакани последици.

Решение од денешната средба во Владата кај премиерот Заев, очекуваат и тутунарите. Тие денеска за МИА изјавија дека ќе ги повторат своите барања – реална проценка и максимум пет отсто одбитоци при вреднувањето.

Досега се откупени 2,5 милиони килограми или десет отсто од вкупната реколта, за разлика од лани кога ова време беа преземени 40 проценти или 13 – 15 милиони килограми.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот