Хјундаи ХЦД-14 Генезис Концепт

Од:

Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи на Меѓународниот саем на автомобили во Детроит го претстави новиот концепт на купе-лимузина ХЦД-14 Генезис.

Концептот на Хјундаи треба да го најави стилскиот правец на идната генерација лимузини Генезис, од сегментот кој припаѓа на Мерцедес ЦЛС, Ауди А7 и БМВ серија 6 ГранКупе.

ХЦД-14 Генезис, сепак не е обичен седан. Хјундаи новиот концепт го дизајнира како луксузна купе лимузина, со што компанијата го најави амбициите да се вклучи во борбата за овој релативно нов автомобилски сегмент.

Силуетата на ХЦД-14 потсетува на Ауди А7, додека на предниот дел на возилото доминира масовна маска на ладилникот, која е визуелно поделена со помош на четири широки линии.

Задните врати на концептот се отвораат наназад за подобар пристап на задната клупа.

Хјундаи наведува дека автомобилот е конструиран на „екстремно тврда“ шасија, со систем за управување што овозможува неколку видови на возење.

Концептот е претставен со нископрофилни пневматици и е придвижуван од 5.0 литарскиот Тау В8 мотор со директно вбризгување. Моторот е поврзан со осумбрзински автоматски менувач.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска