ХЕЦ „Шпилје“ и „Глобочица“предвреме го реализираа годишниот план

Од:

Двете хидроелектрични централи, „Шпилје“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, што го сочинуваат црнодримскиот слив, предвреме го реалзираа годишниот план, произведувајќи до средината на декември вкупно 527 милиони киловат часови електрична енергија.

– Зацртаниот план се реализира во првата декада од овој месец. Тоа значи дека се што потоа е произведено е натфрлување на планот за годинава. Реално очекуваме да бидат произведени околу 20 милиони киловат часови електрична енергија повеќе од планираните за оваа година, велат од ЕЛЕМ.

Во ХЕЦ „Шпилје“, каде годишниот план е проектиран на 300 милиони квч електрична енергија, до средината на декември се произведени над 307 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува поголемо производство од планираното за околу 3 проценти. Во ХЕЦ „Глобочица“ произведени се околу 220 милиони квч или за околу 13 проценти повеќе од планот.

– Во акумулацијата „Дебарско Езеро“ средниот дотек на вода од реките Радика и Црн Дрим, кои го сочинуваат дебарското сливно подрачје изнесува околу 35 кубни метри вода во секунда, а во акумулацијата има резерва за производство на над 12 милиони квч. Речиси идентична е состојбата и во ХЕЦ „Глобочица, потврдуваат надлежните.

Според нив тоа значи дека е создаден простор за прием на очекуваните дотоци за овој период од годината.

Добрите производни резултати, како што велат, се должат на поволната хидрологија на сливно подрачје, посебно во првата половина на годинава, како и максималната подготвеност на електромашинската опрема што се должи на успешно реалзиираните планирани ремонти и ревизии.

Годинешното производство се вбројува во низата рекордни производни години во овие значајни елетоенергетски објекти во земјава кои главно работат според потребите на системот.

Максимално рекордно производство од над 500 милиони квч во „Шпилје “е забележано пред пет години, поради исклучително поволната хидрологија, која како што оценуваат надлежните се случува еднаш на 100 години.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

А1он

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Ана Ололовска

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Ана Ололовска