Харадинај: Во Косово пристапот до интернет се уште е во развој

Од:

Ние сме најмладата земја на Балканот, нашата економија и стопанство е најмала, но имаме најмлада популација која создава притисок во однос на дигитализацијата. Сепак, пристапот до интернет се уште е во постапка на развој, имаме многу рурални области и поради неразвиената инфраструктура имаме потешкотии да стигнеме до тие места. Косово се уште има доста да сработи во однос на дигитализацијата, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај на панел дискусијата во рамките на Дигиталниот самит во Скопје.

– За жал немаме ниту визен режим и поради тоа граѓаните на Косово не патуваат слободно што ги спречува да комуницираат со граѓаните од европските земји, рече Харадинај.

Косовскиот премиер истакна дека влада се фокусирани на информатичките технологии и нејзиниот развој во земјата по што додаде дека добредојдена е експертизата од соседните земји кои сакаат да и помогнат на Косово со цел да се придружи на тимот на земјите од Западен Балкан.

Харадинај уште еднаш повтори дека Дигиталниот самит е важен настан за целиот регион по што ги поздрави сите напори кои ги направила Република Македонија во поглед на предизвиците со кои се соочуваше државата во последниот период.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Неколку министри го бојкотираа Лавров: „Вие сте виновни, го убивте ОБСЕ“ , рече рускиот дипломат и го напушти состанокот

Орце Костов

(ВИДЕО) Лавров кон грузиска новинарка: Имаш убава боја на косата

Орце Костов

Ковачевски: Недоаѓањето на некои министри е порака за неоправданоста на руската агресија

Орце Костов

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Двесте војници на АРМ ќе ги возат министрите на ОБСЕ

Орце Костов

Османи на маки: Лавров побарал да дојде во Скопје, но воздушниот простор е затворен за руски авиони

Орце Костов