„Ханделсблат“: Политиката на штедење и наштети на Грција

Од:

Долготрајната политика на штедење во Грција и наштети на економијата на оваа земја, смета германскиот весник „Ханделсблат“, во статијата во која истакнува дека земјата „постојано се лизга кон рецесија“.

Во написот, цитиран од грчиот весник „Етнос“, се подвлекува дека на почетокот на новата година премиерот Алексис Ципрас се обидел да го пренесе својот оптимизам, информирајќи ја нацијата дека во текот на 2016 година Грција ќе ја остави кризата зад себе и ќе излезе од прегратките на кредиторите. 

„Ханделсблат“, меѓутоа, конфронтациската политика меѓу премиерот Алексис Ципрас и неговиот поранешен министер за финансии Јанис Варуфакис ја оцени како некорисна, тврдејќи дека таа ја „задуши“ секоја појава на раст на економијата и земјата ја извади од пазарите.

-Ситуацијата во Грција е значително полоша отколку што беше пред една година, за весникот изјави водечкиот банкар. 

Во германската статија уште се посочува дека Грците преживаеле седум тешки години под постојани мерки за штедење и дека и покрај тоа ефектот од фискалната адаптација е впечатлив. Државните расходи се намалени од 79,4 милијарди евра во 2009 година на 55,7 милијарди евра во 2015 година.

Во истиот период буџетскиот дефицит е намален од 15,4 на 4,6 отсто од БДП-то. Ниту една друга земја од еврозоната не успеала да забележи такво постигнување, посочува весникот „Ханделсблат“.

Би можело да ве интересира

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека

ВИДЕО: Албанец застрелал тројца пред клуб во Атина

Катерина Ѓуровски

Насилство во Атина: Ја тепал, силувал и ја ограбил партнерката, жената сакала да се убие

Горан Наумовски