Гувернерот на француската централна банка предупредува на можен хаос во Грција

Од:

Гувернерот на централната Банка на Франција, Кристијан Ноаје денеска предупреди на опасност од „хаос во Грција, каде „економијата се наоѓа пред банкрот“, доколку Атина и нејзините кредитори не успеат до недела да постигнат договор за финансисрање на земјата.

– Грчката економија е на прагот на катастрофа и затоа апсолутно е неопходно да биде постигнат договор до недела, по што ќе биде доцна и последиците ќе бидат тешки, изјави Ноаје.

Гувернерот истакна дека е „можно да има бунтови и хаос во земјата“.

Ноаје е и член на Управниот одбор на Европската централна банка, која го поддржува опстојувањето на грчките банки.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната