Гувернерката на НБРМ учествува на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Од:

Денес, гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествува на јавното претставување на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што ќе се одржи во Копенхаген, Данска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, м-р Пер Калесен, преку одделни излагања ќе ги изнесат своите видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, за кој, задржувајќи се на главните наоди и согледби, најпрво ќе говори директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, м-р Пол Томсен.

ММФ редовно го презентира Регионалниот економски преглед за Европа, којшто се објавува со полугодишна периодичност, пред светската јавност на настан од ваков формат, а есенва, за првпат на настанот за еден од тројцата говорници е поканет гувернер на НБРМ.

Во Прегледот на ММФ се прикажуваат најновите економски случувања и перспективите за земјите од различни региони на Европа, при што се посочуваат и економските политики коишто влијаат на економските состојби. Меѓу другото, во него е содржана и дискусија за главните предизвици со кои се соочуваат економските и политичките чинители во Европа. Истовремено, во Прегледот се презентираат специфични податоци и анализи за европските држави, како и аналитички текстови за прашањата коишто се од особен интерес за некои од државите.

Гувернерката на НБРМ, Ангеловска-Бежоска ќе го искористи овој значаен настан на ММФ и за билатерална средба со гувернерите на Централната банка на Данска, м-р Ларс Роде и м-р Пер Калесен.

Би можело да ве интересира

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.