Гугл ќе мора да плати казна од 50 милиони евра во Франција

Од:

Највисокиот судски орган во Франција, Државниот совет, ја потврди пресудата на понизок суд со која му нареди на американскиот технолошки гигант Гугл да плати казна од 50 милиони евра поради тоа што „не бил доволно јасен и транспарентен“ во однос на правата на корисниците на неговиот оперативен систем Андроид за заштита на податоците.

Гугл беше казнет за првпат во јануари 2019 година, веднаш по влегувањето во сила на новата европска политика за приватност донесена во 2018 година, но американската компанија ја обжали оваа пресуда до Државниот совет, највисокото судско тело во Франција, кој сега донесе конечна одлука дека Националната комисија за заштита на податоците има право да го санкционира американскиот гигант и да го казни 50 милиони евра.

Во образложението се наведува дека казната „не е непропорционална со оглед на посебната тежина на повредата и одложувањето на плаќањето од страна на Гугл“.

Американската компанија објави дека ќе направи промени во политиката на корисници.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

Гугл: Користењето на вештачката интелигенција во администрацијата може да донесе економски придобивки

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина