Груевски: Во вторник ќе биде склучен договорот за „Јужен тек“

Од:

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, утре ќе замине за Москва, каде што во вторник треба да биде потпишан договорот за „Јужен тек“.

– Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, коишто ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла, нагласи претседателот на Владата на Република Македонија.

Тој повелече дека и за внатрешната инфраструктура имаме зацртано план за тоа како да се реализира и, истакна, планираме брзо да почнеме, но зависи од тоа дали ќе има доволни количини на гас.

– Сега со склучување на договорот за јужен тек, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, појасни Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање од каде ќе дојде кракот од Србија или од Бугарија, премиерот Груевски посочи дека тоа ќе биде одлука на Руската Федерација односно на „Гаспром“.

Би можело да ве интересира

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ

„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

Ана Ололовска

Вашингтон: Изградбата на „Турски поток“ отвора дилеми

Ана Ололовска

„Ведомости“: „Газпром“ би можел да го возобнови „Јужен поток“

Ана Ололовска

Гасовод од Грција преку Македонија и Србија алтернатива за „Јужен тек“

Ана Ололовска