Груевски: Укинатата царина за благородните метали поддршка за компаниите

Од:

Укинувањето на царините за благородните метали  е поддршка од Владата за компаниите и за отворање нови работни места, оцени денеска премиерот Никола Груевски.

Според него, укинувањето на давачката  е од голема корист за компаниите пред се за „Џонсон Мети“, еден од поголемите странски инвеститори во Македонија, на кој благородните метали му се увозна суровинска компонента.

– Тоа ќе го направи нивното производство поконкурентно и се разбира ќе ја зајакне позицијата на нивната компанија во Македонија што нас не радува, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на две нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Освен што се инвеститор во Македонија, укажа, вработуваат доста луѓе „Џонсон Мети“ се и промотор на Македонија.

– Повеќето компании од светот  кога доаѓаат и прашуваат за можностите за инвестирање во Македонија одат и кај оние компании кои во последните години инвестирале да ги прашаат дали тие се задоволни и дали Владата навистина го спроведува она што декларативно го кажува кога оди на промоции. Така што од тој аспект овие компании се на некој начин наши промотори и поддржувачи. И секако дека Владата треба да покаже дека правиме се што е во наша моќ да им помогнеме како на нив, така и на сите останати, рече Груевски.

Укинувањето на царините за благородните метали, според него,  ќе помогне и на други компании во Македонија што сакаат да се занимаваат со  бизнис каде благородните метали се суровинска или компонента што е дирекно потребна за изработка на некој производ.

– Имам информации дека некои компании од минатото коишто беа во фази на стечај и ликвидација сега се откупени од други компании или лица и оти ќе почнат да се занимаваат повторно со производство на злато, што е добро. На нив, ова ќе им помогне да отворат нови работни места. Значи нашата цел е помагање на компаниите да отвораат нови работни места. Сите чекори што ги влечиме  ги влечиме во тој правец и конечно ќе им помогне и на занаетчиите во правење на поконкурентни производи, поголема продажба, развој на туризмот, изјави  премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on