Груевски: Субвенциите кои што ги најавува СДСМ веќе постојат

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на својот фејсбук профил напиша дека субвенциите за набавка на земјоделска механизација што ги најавува СДСМ веќе постојат и се применуваат под подобри услови.

Она што го предвидува СДСМ во однос на ваквата поддршка, смета Груевски, ќе значи намалување од сегашните почетни 50 на почетни 30 проценти.

– СДСМ на големо ветува ставка на субвенции за набавка на земјоделска механизација кои ќе се даваат од 30 до 50 отсто поддршка за земјоделците. Но, ова веќе постои и се применува и под подобри услови и повисоки износи. Сега се загарантирани 50 отсто за субвенции за набавка на земјоделска механизација, односно 55 отсто за млади земјоделци, за земјоделци од неразвиени подрачја 60, а за жени земјоделци 65 отсто, а во најновата програма „Реално” предвидовме почетната основа да биде 60 проценти поддршка. Со предлогот на СДСМ значи дека практично поддршката на земјоделците за набавка на земјоделска механизација ќе се намали од сегашните почетни 50 на почетни 30 отсто, наведува Груевски на својот фејсбук профил.

Дилема е, додава, дали воопшто СДСМ има анализа на актуелните политики или свесно оди со ретроградно намалување на поволностите за земјоделците, наместо политика на зголемување, политика на кратење.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан