Груевски: Со закон за финансиска дисциплина нема да доцнат плаќањата

Од:

Нема да доцнат плаќањата во стопанството. Со Закон за финансиска дисциплина ќе бидат прецизно утврдени роковите во кои ќе се подмируваат обврските, најави премиерот Никола Груевски во обраќањето пред бизнис заедницата.

– Имајќи го ова искуството предвид како и неодманешните разговори со стопанските комори кои неколкупати ми нагласија дека сега најголем проблем им се долговите, но долговите меѓу самите приватни фирми, а во правец на системско решавање на овој проблем со задоволство денеска првпат можам да соопштам дека во подготовка е закон со кој презицно ќе бидат утврдени роковите во кои се подмируваат обврските кој засега има работен наслов Закон за финансиска дисциплина, истакна премиерот.

Според него, со ова Владата повторно ќе излезе во пресрет на  барањата на стопанствениците и ќе воспостави законска рамка со фер правила на игра кои најмногу ќе бидат во прилог на малите и средни претпријатија кои досега се соочуваат со проблеми во наплатата на побарувањата. Со закон ќе се предвиди во договорите меѓу приватните фирми рокот за исполнување на паричните обврски да не може да биде подолг од 60 дена.

За податоците за странските инвестиции во земјава и за отворање нови работни места, премиерот Никола Груевски рече дека се охрабрувачки.

Апелираше до домашните инвеститори да го искористат влезот на странските компании за подобра интеграција во нивниот производствен процес, преземање знаења искуства и соработка во делот на можно снабдување со домашни репроматерија, полупроизводи и слично.

– Влезот на Џонсон мети, Џонсон контрол, Дрекслермаер и останатите гиганти е шанса и за поголем бизнис за домашното стопанство. Искростете ја таа шанса, го повика Груевски бизнисмените.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Министерството за економија е неспособно да се справи со економската криза

Горан Наумовски

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

А1он

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ