Груевски: Се обидуваме да се договориме со Косово, можни се сите опции

Од:

Мерката што ја презема Косово е еднострано насочена кон Македонија. Ние во текот на денешниот ден се обидуваме преку разговори да ги нормализираме нештата, а доколку во тоа не успееме можни се сите опции, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој додаде дека мерката што Македонија ја воведе за условен увоз на брашно не е насочена кон една држава, туку кон сите земји членки на ЦЕФТА и е во согласност со нејзината регулатива, за стабилизација на пазарот. Косово, рече, е единствената земја која реагира на ваков начин, иако мерката не се однесува само кон неа.

– Мерката не е само кон Косово и ниту една друга не реагира како што тоа го прави Косово и тоа без претходна најава. Мерката од наша страна не е некому да се направи штета туку да се овозможи стабилизација на пазарот. Ќе биде укината тогаш кога ќе биде постигната стабилизација на пазарот, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Косово пред два дена воведе мерка за забрана на увоз за производи од Македонија – храна, тутун и вино и алкохол, со образложение дека тоа е поради условениот увоз на брашно од страна на Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Сиљановска Давкова: Европските лидери да пронајдат креативно решение за нас како за сите држави со почитување на идентитетот

За 25 годишнината од Клиника Жан Митрев – 25 илјади нови садници: Потпишан е Меморандум за соработка со ЈП Национални шуми

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица