Груевски: Реформа на инспекциските служби за подобар економски амбиент

Од:

Крупни реформи во работата на инспекциските органи, забрзување на прекршочните постапки, основање државна комисија за одлучување во втор степен во инспекцискиот надзор и прекршочната постапка како посебно правно лице, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Преку измени и дополнувања на законите за инспекциски надзор за прекршоци и за основање на државната комисија премиерот најавува подобрување на практикувањето на правдата и на економскиот амбиент, намалување на трошоците за граѓаните и правните лица и поголема ефикасност на институциите. Првпат ќе се основа инспекциски совет кој ќе се грижи за квалитетот на работата на инспекциските служби. За стекнување со звањето инспектор ќе се добива лиценца со рок на траење од пет години по што ќе се обновува. Најважна работа за приватниот сектор, како што рече Груевски, е воведување координиран надзор.

– Тоа значи дека правните субјекти во иднина нема да бидат подложни на чести редовни надзори од страна на различни инспекторати, туку ќе бидат координирани и во една компанија редовните надзори ќе се вршат едновремено. На тој начин ќе се надминуваат забелешките од страна на компаниите дека честите надзори предизвикуваат застој во нивното работење и им одземаат време и ресурси кои биле планирани за реализации на нивните тековни обврски, рече Груевски.

Работата на инспекторите ќе се следи преку систем за успешност со квалитативни и квантитативни оценки. Најзначајна новина кај измените на Законот за прекршоци е забрзувањето на постапките со издавање мандатен и прекршочен налог, ќе се воведе и електронска достава во прекршочната постапка, ќе се дефинираат и условите за водење прекршочна постапка при што судовите ќе можат да носат одлуки и без присуство на странката.

Се утврдуваат и рокови за постапување при што за прекршоци со глоба до 15.000 евра треба да се постапува во рок од два месеци, а над таа сума од три месеци.

Државната комисија за одлучување во втор степен во управната постапка треба да се формира во рок од шест месеци по донесувањето на законот. Таа комисија ќе одлучува во рок од 30 дена од комплетирањето на списите.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски