Груевски: Растот во економијата ја намалува невработеноста

Од:

Растот на индустриското производство од 3,9 отсто во вториот квартал е над очекувањата и е трет најголем раст во Европа, по Литванија и Латвија, а растот на БДП придонесе невработеноста првпат да падне под психолошката граница од 30 отсто.

– Во првиот квартал имавме раст од 2,9 отсто и тоа беше четврт најголем раст во тој квартал. Сега со раст од 3,9 отсто во овој квартал практично е трет најголем раст споредено од земјите во Европа и со прилично голема доза на сигурност може да се каже дека годинава во најмала рака ќе се исполни планираниот раст од 2 отсто, а се поизвесно е дека ќе биде и повисок од 2 отсто, рече премиерот Никола Груевски.

Според него, тоа е добар тренд кој започна со последниот квартал од минатата година, а продолжува и со двата квартала во оваа година, а е резултат на многуте напори за подобрување на бизнис-климата и разни мерки кои беа преземени, а во услови кога во Европската унија кризата се уште не е надмината.

– Како и да е, во услови кога кризата се уште не е надмината во ЕУ и еврозоната задоволство е да се констатира дека Македонија успева во овие месеци да исплива со еден солиден раст што дава надеж дека и во наредниот период така ќе се продолжи. И не е случајно тоа што токму во овој период невработеноста падна од психолошката граница од 30 отсто на 29,9 отсто што не се случило никогаш досега откако постои анкетата за работна сила од 1996 година до денеска. Сето тоа е поврзано, растот на БДП предизвикува и намалување на невработеноста. Се разбира, предизвикува и други параметри. Така, стабилен е и извозот и сите други параметри од индустриското производство, посочи премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов