Груевски: Растот на индустриското производство добра вест, остануваме посветени на поддршката

Од:

Регистрираниот раст на индустриското производство во првите два месеца од годинава, според премиерот Никола Груевски, е добар сигнал и очекува да продолжи и во наредните месеци.

– Февруари е втор месец како индустриското производство почна да расте. Се надевам дека тоа ќе прерасне во тренд и тоа е добар сигнал. Одредени работи што Владата претходно ги направи во економијата почнаа да даваат резултат и мене ме радува тоа, иако се уште во ЕУ, особено во европската монетарна зона ситуацијата е стегната на некој начин и се уште има одредена неизвесност, низок раст или пад на БДП,  а ние сме во голема мера зависни од таа економија и затоа се уште со воздражност би кажал, но ме радува фактот што два месеца по ред има раст на индустриското производство, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Лабораторија на Факултетот за драмски уметности.

Тој очекува и се надева дека тоа ќе продолжи и во наредните месеци и оти доколку продолжи и во наредните два тогаш би можело да се каже дека тој пораст прераснува во тренд.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов