Груевски: Повисоки плати и пензии

Од:

Владата предвиде средства во Буџетот за зголемување на платите на администрацијата за четири проценти, почнувајќи од октомвриската плата и на пензиите и социјалната помош за пет отсто од идната година, потсети премиерот Никола Груевски во отчетот за сработеното во првите 100 дена.

– Донесена е одлука и предвидени се средства во Буџетот за 2015 да продолжи зголемувањето на пензиите за пет проценти, почнувајќи од септемвриската пензија во 2015 гдоина, која се исплаќа во октомври. Донесена е исто така одлука и предвидени се средства во Буџетот за 2015 за да продолжи зголемувањето на социјалната помош на граѓаните, за зголемување на надоместоците за социјална помош почнувајќи со зголемениот надоместок во јуни, кој се исплаќа во јули 2015 година, рече Груевски.

Од реализираните проекти корист, вели премиерот, ќе имаат сите граѓани Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите… за христијаните, муслиманите, за атеистите…  Секој еден граѓанин, додаде тој, може да се пронајде во најмалку еден проект, а во најголем број случаи во многу повеќе проекти од еден.

– Ќе продолжиме силно и понатаму. Има уште многу проекти кои треба да движат напред, уште многу работа и свесни сме за тоа. Свесни сме и за надежите кои ги полагате во нас. Ќе продолжиме со силно темпо за секој еден од вас затоа што вашата доверба мотивира, истакна Груевски.

Во отчетот за сработеното во првите 100 дена од работењето на новата Влада, премиерот се осврна и на социјалната политика и социјаланта правда, на кои посочи се обрнува особено внимание.

– Од особена важност е поддршката и помошта која ја правиме за подобрување на позицијата на најранливите категории граѓани на кои им е потребна и најголема помош и поддршка. Првата одлука на новата Влада беше донесување Закон за отпис на долговите за социјално ранливите категории. Тоа беше и наше ветување во програмата, рече премиерот Груевски.

Тој потсети дека овој закон помина и во Собрание и веќе заврши првата фаза од неговото спроведување, во која сите доверители – банките, ЕВН, Топлификација, нотарите, извршителите, го изразија својот интерес да учествуваат во процесот врз основа на јавен повик.

– Во тек е втората фаза во која сите должници од социјалните категории кои се наведени во законот за долговте по основ на сметки за електрична енергија, парно, ненаплатливи кредити ги пријавуваат своите интереси да учествуваат во проецесот и да им бидат отпишани долговите како што предводува законот, рече Груевски.

Шефот на Владата, истакна дека покрај ова, донесена е мерка за лицата кои примаат социјална или постојана парична помош како и на лицата со ниска примања елаборатоте за легализација на бесправно изградените објекти – дивоградби ќе им ги прави државата бесплатно. Извршено е, додаде, ослободување од плаќање радиодифузна такса за лицата во социјален ризик, овозможен е бесплатен одмор за 2.000 деца од семејства во социјален ризик. Донесени се, рече, и низа мерки за унапредување на животот на македонското семејство како дополнително унапредување на условите од Проектот „Купи куќа – купи стан“ со намалување на каматните стапки за субвенционираниот кредит за стан од 4,99 на 3,95 за првите три години од отплата на кредитот и од 5,5 на 4,44 проценти за четвртата и петата година за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет, како што беше ветено во програмата.

Груевски наведе и дека зпаочна проектот „Слободен четврток“ за студентите со кој им се овозможува бесплатна влезница секој четврток  за посета на претстави од културата и бесплатен превоз со Жичарницата до Водно.

Воведен е и бесплатен превоз со железничкиот сообраќај за повозрасни лица – жени над 62 години и мажи над 64, секој втор викенд во месецот, потоа бесплатен железнички превоз за млади до 27 години секој трет викенд во месецот и за студенти секој четврток, како и попуст во железничкиот превоз од 50 отсто за ученици и студенти секој ден.

Во сферата на културата пуштен е, вели Груевски, новиот театар во Велес, реализирани преводи на дела на македонски јазик од албанската и турската книжевност во Македонија застапени во проекрот „135 Тома македонска книжевност“, се изведе покривната конструкција на сцената „Долни Сарај“ во Охрид и се донесе закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово од особено значење.

Во делот на полицијата премиерот Груевски истакна дека се реализираа редица проекти во насока на транспарентно и ефиканско реализирање, а Владата започна и кампања во делот на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии