Груевски: Очекуваме за две недели да заврши процесот за вработување 1.600 лица од ранливи категории

Од:

Премиерот Никола Груевски очекува за две недели да заврши процесот на проверка на кандидатите кои се пријавија на огласот за 1.600 вработувања во администрацијата од ранливи категории, а потоа транспарентно ќе биде објавена листата на примени кандидати.

– На овој проект непрекинато се работи. Моментно сме во последната фаза, а тоа е проверка на податоците која се врши на два начина. Едниот е институционално, што значи проверка дали податоците пријавени од страна на апликантите, односно на баратели на одредено работно место се точни и втората проверка е преку директна посета на тимови на социјалните установи во семејствата каде што живее тој што поднесува барање за да може на лице место да се проверат работите во однос на пријавите, бидејќи овој конкурс беше со посебни критериуми, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања по присуството на потпишување договор меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за финансии и економија во Ченгду за основање Институт „Конфуциј“.

Тој истакна дека оваа фаза очекува да заврши за две недели и потоа директно по средувањето на сите податоци и нивно внесување во софтверот да се објави листата на оние кои ќе бидат примени.

Конкурост беше објавен на 22 мај годинава кој се однесуваше на вработување 1.600 лица во Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Огласот се однесуваше на долгорочно невработени лица со над 10 години, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства, невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен. На огласот беа пријавени над 20.000 лица.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on