Груевски: Невработеноста во Македонија е се уште на високите 28%

Од:

Денеска во Охрид како дел од Глобалниот инвестициски самит за Македонија, ќе се говори за конкурентноста на македонската и економијата во регионот, клучниот фактор за економскиот развој, мапирање на конкурентноста во највисоко рангираните директни странски инвестиции, односно новите сектори и пазари како дел од глобално конкурентните македонски производи.

На отварањето на Вториот Глобален инвестициски самит во Охрид кој е во организација на „Македонија 2025“, премиерот Груевски рече дека најголем предизвик со кој се соочува Македонија е невработеноста, која била се уште на високо ниво.

„Се уште наш најголем предизвик е невработеноста, иако во исклучително тешки услови успеавем значајнао да ја намалиме. Сега од превисоките 38% во 2006. година, таа е сеуште на високите но во едни тешки времиња прилично намалена на околу 28%.

– И таа се уште ќе остане во фокусот на нашето внимание креирајки мерки и политики за отварање на нови работни места во Македонија“, рече Груевски.

Премиерот Груевски кажа дека Македонија имала и стабила макроекономска политика.

„Македонија има и стабилна макро економска ситуација, затоа што имаме ниска инфлација од околу 2,5-3 % и имаме низок државен долг со 33,8% од бруто домашниот производ што е 4 најнизок државен долг во Европа“, рече Груевски.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on