Италијанските инвеститоти ќе бидат запознаени со економските и инвестициските потенцијали на бизнис форуми во Торино и Милано.
Во бладината делегацијат, предводена од премиерот Никола Груевски, се и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида.
Бизнис форумите се организирани во соработка со Стопанската комора на Торино и Стопанската комора на Милано.
Предвидено и одржување поединечни средби со неколку заинтересирани инвеститори на кои ќе им бидат претставени економските потенцијали, можностите и погодностите за инвестирање во Република Македонија.