Грејната сезона на прагот – колку се сигурни радијаторите

Од:

Грејната сезона и годинава започнува на 15-ти октомври. Од тие причини дистрибутерите на топлинска енергија ги повикуваат граѓаните да ги проверат инсталациите за парно, бидејќи во просек годишно меѓу 300 и 400 семејства грејната сезона ја дочекуваат со поплава во нивните домови.

Ваквата состојба, заедно со грижата за сигурноста на домот влијаат и врз интересот за осигурување, па и осигурителните компании токму во овој период од годината се најактивни со понудите за домаќинско осигурување. Винер Осигурување со пакетот „Премиум“ освен ризик од излевање, покрива и ризици од кражба, од пожар, земјотрес и штета кон соседите, а ова осигурување е со цени од 1.499 денари годишно. Цената и опфатот на новиот пакет го потврдува насочувањето на деловните процеси кон потребите но и можностите на граѓаните.

Од компанијата БЕГ ги повикуваат корисниците да ја пријават секоја завршена интервенција  на грејната инсталација, заради која објектот бил испразнет, како и отстранетите дефекти поврзани со напојувањето на топлинската станица со електрична енергија. Упатен е и апел за навремена проверка и подготовка на радијаторите, со цел да се одбегнат потенцијалните проблеми при дистрибуцијата и да се избегнат несаканите штети кои настануваат поради истекување од инсталациите.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови