Грција версус Германија: Кој на кого е должен?

Од:

Дојче веле – Бон

Атина и Берлин расправаат за трошоците од времето на германската окупација, 70 години по Втората светска војна.

По инвазијата на Грција во мај 1941 година на Акропол во Атина се развеало знамето со кукаст крст. Вермахтот земјата ја држел под окупација до 1944 година. Во тоа време, нацистичка Германија убива и ограбува низ целиот Балкан. Економските загуби од војната и окупацијата и денес се причина за расправии.

Имено, Грција смета дека лошо поминала на меѓународните преговори за репарации, по крајот на нацистичката диктатура. Новиот премиер Алексис Ципрас, инсистира на решавање на тој проблем и оценува дека Германија на Грција и должи неколку милијарди евра. Германската влада секогаш ги негирала овие тврдења. Министерството за финансии во Берлин наведува дека грчките барања се решени со претходно обештетување.

Бескаматен кредит на сила, кој не е отплатен

Се работи за директна воена штета поради кражби, убиства и уништување. Врз основа од договорот во 1960 година, Германија на жртвите на нацистичките злосторства во Грција исплатила 115 милиони марки. Со тоа треба да бидат покриени сите поединечни барања за отштета.

Меѓутоа, дебата се води околу кредитите на кои грчката држава беше принудена: Народната банка на Грција во 1942 година морала на нацистите да даде бескаматен кредит од 476 милиони рајхс марки. Со тие пари нацистите официјално ги финансирале своите трошоци за окупацијата на Грција, но тие пари на Грција не се вратени. Поради тоа експертската комисија во Грција смета дека Германија на Грција се уште и должи околу 11 милијарди евра.

Мир без официјален договор

Меѓутоа, Германија смета дека прашањето за репарации дефинитивно е решено. Првата конференција на таа тема е одржана во Париз уште во есента во 1945 година. На Грција тогаш процентуално припаднал дел од германските репарации за Втората светска војна и таа добила материјал во вкупна вредност до 2 милијарди евра.

Со Лондонскиот договор од 1953 година, западните сили со решавањето на останатите барања за репаравија го поместија до заклучување на мировниот договор. Освен тоа, на Германија еден дел од долговите се простени. Меѓутоа, мировниот договор меѓу Германија и сојузниците никогаш формално не е склучен. Наместо тоа, во 1990 година на сила стапи т.н. Договор два плус четири со кој се регулира повторното обединување на Германија. Тој договор го призна и Грција, а со него не се предвидени никакви понатамошни репарации.

Нов долг

Од избивањето на должничката криза, темата околу репарацијата во Грција повторно е многу актуелна. Атина во 2010 година од Европската унија мораше да побара помош за да го спречи државниот банкрот. Германија од тогаш на Грција и позајмила околу 65 милијарди евра.

Премиерот на Грција Ципрас повеќе пати укажуваше дека тие долгови треба да се пребијат со воената отштета. Некои правни експерти во Грција сметаат дека тој модел е невозможен. Притоа пред се се мисли на побарувањата настанати поради невратениот присилен кредит за окупацијата. Меѓутоа, многу експерти ја исклучуваат можноста, во 70-тите години по војната, да покренат нови преговори за репарациите.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска