Грција, Италија и Албанија во Атина потпишуваат договор за изградба на Трансјадрански гасовод

Од:

Грција, Италија и Албанија денеска во Атина ќе потпишат меѓувладин договор за изградба на Трансјадрански гасовод (ТАП), соопштуваат грчките медиуми, пренесува МИА.

Гасоводот ќе пренесува природен гас од Азербејџан до Западна Европа.

Проектираниот годишен обем на транспортирано сино гориво е 10-20 милијарди кубни метри.

Акционери во изградбата на инсталацијата се швајцарската компанија Ахпо (42,5 отсто), норвешката Статоил (42,5 отсто) и германската Рургас (15 отсто).

Од градот Комотини во Грција гасот по трасата ќе пристигнува до Албанија, а потоа по дното на Јадранско море, на длабочина од 820 метри, до Бриндизи, во Италија.

Во Албанија е предвидена можноста за складирање на синото гориво, а на нејзина територија гасоводот може да се поврзе со проектот Јонско-јадрански гасовод (ИАП).

Трансјадранскиот гасовод е еден од главните конкуренти на проектот Набуко за пренос на гас од Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Експлодираше гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Горан Наумовски