Грција и кредиторите се договорија за фискалните цели

Од:

Грција и меѓународните кредитори, кои преговараат за условите за новиот финансиски план за спас, се договорија за финалните фискални цели за примарниот буџетски суфицит од 2016 година натаму, соопшти грчки владин претставник.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, целите, кои само малку се разликуваат од претходното основно сценарио, предвидуваат примарен буџетски дефицит од 0,25 проценти од БДП во 2015 година, потоа 0,5 проценти вишок во 2016 година, 1,75 проценти во 2017 година и 3,5 проценти во 2018 година.

– Целите на примарниот буџет се финализирани. Исто така е договорено да не се воведуваат нови мерки оваа и следната година, изјавил анонимен извор за грчките медиуми кој учествува во преговорите меѓу претставниците на грчката Влада и меѓународните кредитори во Атина.

Грција моментно преговара за условите за третата финансиска помош во вредност до 86 милијарди евра. Атина сака да склучи договор пред да доспее плаќањето на долгот кон ЕЦБ на 20 август.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски