Грција и Израел разработуваат проект за пренос на гас до Европа

Од:

Грција и Израел разгледуваат конкретни инвестициски проекти за пренос на природен гас од источниот Медитеран преку грчка територија до Европската унија и за поврзување на системите за пренос на електрична енергија на Израел, Кипар и Грција, соопшти грчкиот министер за животна средина, енергетика и климатски промени Јанис Манијатис, кој го придружуваше премиерот Андонис Самарас за време на неговата посета на Израел.

Манијатис ги повика израелските нафтени компании да учествуваат во тендерите кои Грција ги објави за 2014 година за спроведување на истражувања за пронаоѓање јаглеводороди во Јонското Море и во морските области јужно од островот Крит.

Во задничката декларација, потпишана од ресорниот министер се споменува и соработка на двете земји во експлоатацијата и истражувањето на природните ресурси во басенот на Средоземното Море.

Проекти за пренос на откриениот природен гас во Израел предвидуваат изградба на гасовод по дното на Средоземното Море до Крит и оттаму првата алтернативна врска продолжува на север и се поврзува со вертикалниот гасовод меѓу Грција и Бугарија за складирање на гас на Балканот. Втората врска е во насока кон Јадранското Море и стигнува до Италија, која пројави интерес за купување на израелски гас.

На средбите бил разгледан и проектот за поврзување на системите за пренос на струја меѓу Израел, Кипар и Грција. Станува збор за поставување на кабел на дното на морето со моќност од две илјади мегавати, кој ќе го поврзе системот на Израел со системите на Кипар и Грција.

Инвестицијата за гасоводот изнесува пет милијарди евра, а за системот за електричната енергија 3,5 милијарди евра. Израел побарал да биде разгледана и можноста за финансирање на гасоводот од европските фондови, а за системот за електричната енергија било разгледано учество на приватни компании.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он