Грчките политичари за договорот за Кипар

Од:

Болно, чиста уцена, казнен и нетолерантен, се дел од коментарите на грчките политичари за договорот постигнат меѓу Кипар и еврозоната за планот за спас во вредност од 10 милијарди евра, пишува „Катимерини“.

Портпаролот на грчката влада Симос Кедикоглу изјави дека Кипар немал голем избор, но оти прифаќање на значителни загуби за големите депозити е дел од зделката.

– Договорот го спречува излезот од еврозоната и хаосот кој би настанал, изјави Кедикоглу.

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос коментира дека силите во еврозоната, особено Германија, одлучиле да дадат пример со Кипар со тоа што „ќе ја казнат земјата“.

Претседателот на Грција Каролос Папуљас за договорот меѓу Кипар и „тројката“ рече дека е „нетолерантен и селективен“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали