Грчкиот потрес на берзите однесе 88 милијарди долари од богаташите

Од:

Околу 200 најбогати луѓе во светот изгубиле 88 милијарди долари поради грчката криза само во изминатите седум дена поради „движењето“ на индексите на берзите по неуспехот од состанокот на еврогрупата на 24 јуни во Брисел кога грчкиот премиер остро го критикуваше ММФ.

Од вкупниот износ на таа „виртуелна“ загуба, 52,3 отсто се регистрирани само во еден ден – во понеделникот на 29 јуни, наведуваат американски медиуми.

Во просек, загубите на секој милијардер се 217,5 милиони долари во период од 24 јуни до денес, пренесува Фигаро.

Дел од богаташите сепак, профитираа – најбогатиот Африканец заработи во минатиот понеделник 639,2 милиони долари.

Најголеми загуби има Шпанецот, Амансио Ортега, основач на Зара и втор најбогат човек во светот. Неговото богатство е проценето на 69,2 миллијарди долари и сега е намалено за 3,5 милијарди долари.

Бил Гејтс, најбогатиот човек во светот во еден ден (29 јуни) загуби 1,4 милијарди долари додека Ворен бафет загуби 1,6 милијарди долари, шпто е всушност сумата која Атина ја должи кон ММФ.

Поради падот на берзата во Париз и француските милијардери имаа загуби – Лилијан Бетанкур сопственичка на Лореал, финансиски е „олеснета“ за 1,1 милиајрди долари.

Акциите на европските берзи вчера се опоравуваа откако Атина достави изменет предлог до кредиторите за спасување на Грција од банкрот.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Доларот на најниско ниво во последните три години