Грчки „Катимерини“: ОКТА ќе продолжи со работа

Од:

Според грчки „Катимерини“,  најголемата грчка  рафинерија Хеленик петролеум (ЕЛПЕ) ќе ја рестартира својата филијала во Македонија ОКТА, по  речиси седуммесечно запирање  во работата.

ЕЛПЕ ќе ги почне своите операции во наредните неколку дена, соопштил официјален претставник на грчката рафинерија во и-меил до весникот.  Рафинеријата има капацитет за преработка на околу 50 илјади барели сирова нафта дневно.

“Одлуката за тоа кога ќе почне со работа рафинеријата на Хеленик петролеум е заснована врз комерцијални и оперативни фактори”, соопштил претставникот на ЕЛПЕ не давајќи попрецизни и конкретни детали.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент