Грчката Влада ги испрати своите предлози до кредиторите

Од:

Грчката Влада синоќа ги испрати своите предлози за постигнување договор со кредиторите, соопштија владини извори, а малку подоцна претседателот на европгрупата Јерун Дејселблум потврди дека го примил документот.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, предлогот бил испратен до Дејселблум по електронска пошта и тој ќе го препрати до министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната и до кредиторите.

Документот потоа ќе биде доставен во грчкиот Парламент и денеска од пратениците ќе биде побарано, преку процедура за итни случаи, да го одобрат предлогот и да ја овластат Владата да преговара со кредиторите на земјата, врз основа на неговата содржина.

По завршување на преговорите, откако ќе биде склучен договор, конечниот документ ќе биде доставен до Парламентот за одобрување, по што ќе стане државен закон.

Според владини извори, предлозите вклучуваат и некои тешки прашања и е документ со кој Владата може да постигне чесен компромис со своите европски партнери, вклучувајќи елементи кои овозможуваат решавање на разни проблеми на грчката економија.

По последниот итен самит на европските лидери кој се одржа пред три дена, беше соопштено дека Грција има пет дена да избегне банкрот. Европските лидери тогаш ги отфрлија грчките предлози нарекувајќи ги несоодветни и побараа официјална Атина да се врати со детален предлог до петок изутрина.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент