Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Од:

На Собранието одржано денеска, Грчката бизнис асоцијација го реизбра Арис Влахос за претседател на Асоцијацијата.

За членови на Управниот одбор избрани се истакнати претставници на водечки компании со грчки капитал во земјава:

• Илијас Пападопулус од Стопанска банка Скопје, членка на NBG Group,
• Димитрис Пасхос од ОКТА, членка на Hellenic Energy Group
• Илијас Тсукалас од ЕДС, членка на PPC Group,
• Василис Анагносту од Мермерен комбинат Прилеп, Павлидис Групација.

Со ова, Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето активно и силно присуство во државата, останувајќи посветена на унапредување на економската соработка и поттикнување на нови инвестиции. Асоцијацијата има клучна улога како мост на соработка меѓу бизнис-заедниците на двете земји, придонесувајќи кон продлабочување на економските односи и стабилен економски раст.

Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија ги обединува најголемите грчки инвеститори во земјава, меѓу кои се Цементарница Титан Усје, Жито Лукс АД Скопје, Секе ЛТД Прилеп, Олимпус, Орбит ЛТД Скопје, Алумил ЛТД Скопје, Пивара Скопје АД, ЕГНА Консалтинг како и други компании.

Овие компании обезбедуваат илјадници работни места и претставуваат значаен двигател на националната економија, со директен придонес во бруто-домашниот производ и економскиот напредок на државата.

Би можело да ве интересира

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он