Грант од 10,6 милиони денари од Светска банка за регулација на дел од коритото на Кочанска Река

Од:

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска во Министерството за финансии го потпиша договорот за вториот грант од проектот Подобрување на општински услуги, за реализација на проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска Река“.

Со парите се планира да се регулира и уреди речното корито во должина од околу 500 метри на северниот дел од Кочани, кон локалитетот Бавчалук, каде што има намалена пропусна моќ на реката поради зараснатост со вегетација, но и од импровизирани објекти и премини.

– Добивме 10.614.838 денари, грант од Светска банка, што е уште една потврда за транспарентното и отчетно управување со финансиите од страна на Општина Кочани. Со проектот естетски ќе се обликува дел од речното корито, пешачките патеки покрај кејот, а уредувањето на просторот ќе се вклопи во урбаната средина и ќе се даде континуитет на регулацијата на реката во централното градско подрачје. Со други зборови, добивме неповратни средства за да уредиме ново место за рекреација, прошетка и уживање во природа, истакна градоначалникот Илијев.

Со потпишувањето на Договорот во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги за асфалтирање шест улици во градот Кочани и пет во населените места, Општина Кочани стекна право на искористување грант во висина од 27 отсто од искористените средства. Според резултатите од изработената Урбана ревизија, како приоритетен за реализација беше утврден проектот за регулација на дел од Кочанска Река.

Со одлука на Советот, Општина Кочани учествува со кофинансирање во висина од 4,6 милиони денари. Општинските служби најавуваат дека по подготовката на тендерската документација, наскоро ќе биде објавен и јавниот повик за избор на изведувач.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка