Граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително за нарачките од Тему, објаснуваат од Финансии

Од:

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ.

Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега.

Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе има нова обврска за уплата.

ДДВ кој е веќе пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор.
Министерството за финансии уште еднаш потенцира дека со законските измени не се менува начинот на прием и царинење на пратките.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра.
Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.
Оваа измена претставува значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија и ќе придонесе за намалување на сивата економија.
Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.
Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата.

Би можело да ве интересира

Се укинува ДДВ-ослободувањето за пратки до 22 евра – ќе поскапат нарачките од Temu, Shein иpress

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Димитриеска-Кочоска: Вложуваме напори да создадеме услови за пазарот на капитал

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа – се намалуваат царините на 70-тина производи

ЛДП повторно ја активира идејата „Викенд без ДДВ“

Катерина Ѓуровски