Градежните фирми треба да добијат конкретна помош за зголемување на бројот на квалификувани работници откако надлежните институции утврдија дефицит од најмалку 10.000 работни места од градежната работна сила за да се примени стратегијата за енергетска ефикасност.
Тоа беше истакнато на денешната седница на Здружението за градежништво и градежни материјали при Стопанската комора на Македонија. Членовите на Здружението со претставници на проектот за градење капацитети во градежниот сектор дебатираа за потребата од занимања за реализација на енергетската ефиканост.
– Со проектот што паралелно се спроведува во 30 европски држави треба да се зголемат верштините на сите учесниците во изградба на енергетски ефиаксни проекти. Треба да се подобрат вештините на 10 професии, ѕидари, столари, фаседри, електричари, монтажери, инсталатори за пдобрување на греењето, изјави Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво и градежни материјали.
Ристо Иванов, координатор на проектот Билд ап скилс во Македонија истакна дека градежниот сектор може да има голем придонес во исполнување на националните цели поставени од Европската стратегија 2020 Македонија. – За да се применат стратегиите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во Македонија недостасуваат минимум 9.600 работници, а максимум 16.020 доколку сегашниот тренд за изградба и работењето на градежните фирми остане ист. Од тие причини во проектот се предлага на кој начин да се поддржат градежните фирми во обезбедување квалификувани работници, пред се оние што се директно вклучени во градба за да можат да ги имплементираат мерките за енергетска ефиканост, појасни Иванов.
Проектот, додаде, ќе трае до 2020 година и сега се подготвуваме за аплицирање за вториот проект во ноември, а со кој би требало да се обезбеди конкретната помош на градежните фирми за обезбедување квалификувани работници.
Според Иванов, постои голем расчекор во потрошуваката на енергија по метар квадратен, а за да ги следиме европските стандарди тогаш е неопходно да се применат владините стратегии за реконструкција и за примена на нови енергетски стандарди во градењето на објектот.
– Според нашите согледувања со оглед дека постои голема разлика во староста на објектите во Македонија специфичната просечна потрошувачка на енергија се движи од 250 до 250 киловат часови на метар квадратен, а во Европа се повеќе се инсистира да не помине 80 киловат часови на метар квадратен. Од 2014 година ќе инсистираат секоја нова зграда да биде ниско енергетска или посивна, при што целта е поставена на 10 киловат часови на метар квадратен, рече Иванов.