Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори денеска ќе ја официјализира соработката со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).
Целта на соработката е спојување на теоријата и праксата, воспоставување на поголема синергија меѓу институциите, продуцирање на кадар кој ќе одговори на потребите на компаниите во градежниот сектор, заедничко следење на најновите трендови, како и успешна имплементација на квалитетот во изградбата, почитување на стандардите и одговорност на сите учесници во планирањето, проектирањето и изведбата на објектите.
На настанот најавено е обраќање на претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, деканот на Градежниот факултет Дарко Мославац и директорот на ИЗИИС Влатко Шешов.