Градежен Институт Македонија отвори современа лабораторија во Црна Гора

Од:

Градежен Институт Македонија официјално го промовираше отворањето на нова современа лабораторија Градежен Институт Монтенегро во Подгорица, Црна Гора. Со дневен и вечерен настан беше одбележано отворањето на ГИМ Монтенегро, за дневниот настан организиран Отворен Ден, каде сите соработници и клиенти беа поканети да ја погледнат опремата и услугите што ги нуди новата лабораторија.

Вечерниот настан се одржа во Хотел Хилтон во Подгорица, со официјално претставување на компанијата, нејзините дејности и проекти. На настанот беа присутни повеќе од 250 гости, каде официјално обраќање имаа, Генералниот Менаџер на Градежен Институт Македонија Михо Јаневски, Извршниот Директор на Градежен Институт Монтенегро Игор Мирановиќ и Амбасадорот на Македонија во Црна Гора Михајло Трпкоски.

Градежен Институт Монтенегро – лабораторијата е наменета за испитување и контрола на квалитет на градежните материјали и располага со опрема која може да врши испитувања по 86 стандарди – методи. Опремена со најсовремена и модерна техника од последната генерација, комплетирана за сите испитувања кои ќе ја покријат контролата на квалитет на бетон, асфалт и геомехника.

„Нашата стратегија е насочена кон постојано инвестирање во нови производи и услуги, целиме да ги задоволиме потребите на домашниот и регионалниот пазарот и да понудиме беспрекорен квалитет. Се надеваме дека Градежен Институт Монтенегро ќе придонесе кон зголемување на понудата на врвни услуги како и подигнување на нивото на квалитет на градење во Црна Гора“, изјави Михо Јаневски Генерален менаџер на Градежен Институт Македонија

Стратегијата на Градежен Институт Монтенегро е проширување на услугите и во делот на проектирање,стручен надзор, консалтинг и изведување специјалистички градежни работи.

Отворањето на лабораторијата во Црна Гора, воедно претставува обновување на веќе постоечката лабораторија на Градежен Институт Македонија која е формирана во далечната 1979 година во Бар. Истата доживува проширување во Подгорица и Котор и делува се до 1992 година.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он