Директорот на УЈП Горан Трајковски си оди од функцијата
На социјалните мрежи е објавена електронската пошта која Директорот на УЈП Горан Трајковски ја поднел до надлежните институции, а во која тој посочува дека „заклучно со 4 ноември, повеќе нема да ја обавува функцијата директор и нема да биде дел од раководството на Управата за јавни приходи“.
Призма, неофицијално, од извори од раководството, дознава дека причината за оставката се различните позиции меѓу Трајковски и министерот за финансии Зоран Ставрески.
Од Управата потврдиле дека Горан Трајковски, директорот на Управата за јавни приходи, денеска поднел оставка од функцијата.
Трајковски раководеше со УЈП од 2006 година, откако дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше негов трет мандат како прв даночник.
На местото на Трајковски е назначен Кирил Миновски, досегашен директор на Пазарниот инспекторат.