Горан Ѓорѓиевски нов претседател на Агро-бизнис комората

Од:

-Горан Ѓорѓиевски е нов претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија. Тој беше избран на седница на Собранието на Сојузот. Ѓорѓиевски кој по професија е машински инженер е сопственик на познатион бренд „Специјал“, кој на пазарот има 24 годишна традиција и ангажира повеќе од 200 вработени.

Ѓорѓиевски истакна дека меѓу приоритетите на кои ќе работи и за кои ќе се залага е да се обезбеди сигурност на пласман на земјоделски производи по реални цени, да се направи окрупнување на земјишни парцели, зголемување на приносите, партнерска соработка и зголемување на конкурентноста на земјоделските производи.

„ Земјоделството е една од најважните стопански гранки во нашата држава која има голем потенцијал да придонесе за раст и развој на целокупната економија во пост-пандемискиот период. За да се постигне тоа неопходно е да се променат унапредат условите во кои се работи сега преку иновации, дигитализација, следење на современите трендови. За земјоделците е потребно да се обезбеди и помош и стручни совети за купување земјоделска механизација и друга техничка опрема. За да се постигне максимален процент на искористеност потребна е поедноставување на постапките за ИПАРД апликациите. Неопходно е и даночни олеснувања за нафта, семенски материјал и за земјоделска механизација, како и субвенции по килограм произведен производ“ истакна Ѓорѓиевски.

На досегашниот претседател Огнен Оровчанец му беше врачена Благодарница за исклучителниот ангажман во Комората и личниот придонесот кој го дал со цел креирање на подобро деловно окружување за развој на агро-бизнис секторот.

На седницата беа избрани и нови членови на органите на управување на Агро-бизнис комората, а за Потпретседатели на Комората избрани се г. Ласко Јованов од компанијата Слога Интернационал, г. Илија Јанчев, винарија Венец и г. Марко Кутревски од компанијата Пекабеско.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Итно укинување на бирократските процедури за инсталирање обновливи извори, вишок се

Маја Илиевска-Пачемска

Скопје доби регионален Центар за извонредност на стручно образование и зелени иновации

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели

Ана Ололовска

Проф. д-р Орце Симов е нов претседател на ИКТ Комора

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори обвинува за закани и притисоци

Признание „Македонски квалитет 2021“ за 10 успешни национални претпријатија

А1он