Голем интерес за субвенционирање енергетски ефикасни грејни тела во Кавадарци

Од:

Има голем интерес за субвенционирање енергетски ефикасни грејни тела во Кавадарци, констатирала Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општината за купување енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година. Јавниот повик беше распишан вчера во 9:00 часот и поради очекуваниот голем број на апликанти, заврши на крајот од денот.

– Комисијата го разгледа бројот на апликации и утврдено е дека се пристигнати 103 барања и со тоа се надминува бројот на предвидени барања од поднесители во рамките на предвидениот буџет, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Поради транспарентност и отчетност во работењето на општина Кавадарци и поради големиот број на пристигнати барања, велат, при разгледување на барањата на следниот состанок на Комисијата, доколку се констатира дека вработени во локалната самоуправа и нивни членови од поблиското семејство, како и советници во Советот на општина Кавадарци и нивни членови на поблиското семејство имаат поднесено барање по повикот, нивните барања нема да бидат разгледани.

– Поради големиот интерес од граѓаните на општина Кавадарци за овој јавен повик, градоначалникот Јанчев на наредната седница ќе предложи на Советотот на општината, до крајот на 2018 година да се објави уште еден јавен повик за субвенционирање за купување енергетско ефикасни грејни тела, нагласуваат од кабинетот на градоначалникот.

Субвенционирањето е врз основа на Програмата за развој на Кавадарци за 2018 година и Програмата за изменување и дополнување на таа програма. Целта е да се стимулираат жителите за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.

На оние кои ги исполнуваат условите по повикот и купиле енергетско ефикасни грејни тела (печки на пелети и инвертер клими), општината ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50 проценти, но не повеќе од 15.000 денари, по домаќинство.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена