Годишна даночна пријава доставиле над 30.000 граѓани, рокот до 15 март

Од:

Над 30 илјади граѓани досега доставиле до Управата за јавни приходи Годишна даночна пријава. Рокот истекува на 15-ти овој месец и се очекува 200 илјади граѓани да ги пријават дополнителните приходи.

Даночна пријава досега доставиле 30.933 лица. Обврска да поднесе има секој граѓанин кој во текот на 2012 година остварил приход од кирија, авторски договор или други права од индустриска сопственост; од дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на хартии од вредност на Берза, учество на капитал и недвижен имот, добивка од игри на среќа, од спортско обложување, лото, ТВ наградни игри, лични примања од странство, од работен ангажман во амбасада или ако оствариле други приходи.

Од Управата апелираат да не се чека последниот момент за поднесување Годишна даночна пријава. Пријавата може да се поднесе на шалтерите на УЈП или електронски.

Би можело да ве интересира

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет

Прекин во работењето на системот е-Даноци