Годинава се одбележуваат 30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка

Од:

Годинава прославуваме 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност: беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава, соопштува Народната банка.

„Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност и визија работеa на градењето на она што го имаме денес ‒ стабилна домашна валута и современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка. На овој пат, институцијата се соочуваше со голем број предизвици, како во однос на спроведувањето значајни пазарно ориентирани реформи во банкарскиот систем, така и во однос на справувањето со шокови од различна природа. Во сите тие ситуации беа остварени основните цели на работењето на Народната банка.

Во изминатите години, Народната банка доби голем број признанија од страна на меѓународните институции и за нејзиното функционирање, и за политиките коишто ги спроведува.

Изминатите 30 години на успешна работа на Народната банка се гаранција дека и во следниот период ќе имаме капацитет за справување со предизвиците коишто ги носи актуелната ситуација. И натаму ја чуваме стабилноста на денарот, како од економски, така и од неекономски закани – шпекулациите и лажните вести, коишто се подеднакво опасни“, се вели во соопштението на Народната банка.

„Додека ја чуваме стабилноста на денарот и финансиската стабилност, истовремено се ориентираме и кон иднината, по примерот на најголемите централни банки. Нашите идни активности се насочени и кон овозможување подобри и поевтини банкарски услуги преку финтек-секторот, имајќи ја предвид и кибербезбедноста. Понатаму, нашата заложба ги опфаќа и зелените финансии, бидејќи сите носители на политиките треба да бидат свесни дека климатските промени ќе бидат една од најголемите закани на 21 век.

Со цел да го одбележиме овој важен национален јубилеј, Народната банка планира повеќе настани, меѓу кои и централниот – Свечената академија по повод јубилејот и Истражувачката конференција на Народната банка, којашто оваа година ќе се организира во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која ќе учествуваат гувернери и вицегувернери на централни банки од регионот и од Европа, како и претставници на меѓународни финансиски организации, на научната јавност и на банкарскиот сектор“, се наведува во соопштението на Народната банка.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови