Глобалната побарувачка на злато на најниско ниво од 2009 година

Од:

Глобалната побарувачка на злато лани забележа пад, првпат по 2009 година, како последица на намалената продажба на накит во Азија и помалите инвестици во златници и златни шипки во Европа и САД, соопшти Светскиот совет за злато (ВГЦ).

Во 2012 година побарувачката на залто опаднала за четири отсти во однос на 2011 година, на 4.405 тони.

Советот очекува потрошувачката на злато да биде стабилна во текот на оваа година, нагласувајќи дека ќе помине извесно време додека да се надминат последиците од финансиската криза.

– Тешко е да се очекува оваа година да има голем раст на побарувачката. Побарувачката ќе остане висока, но зборуваме за мали едноцифрени бројки, изјави директорот за инвестиции на ВГЦ, Маркус Граб.

Граб очекува во 2013 година цената на златото да се движи меѓу 1.625 и 1.695 долари за унца, иако нагласува дека е можно одредени настани да влијаат на нејзин раст.

Од почетокот на годината цената на златото се намали за 1,4 отсто, со што продолжи тенденцијата од последниете три месеци од 2012, кога беше регистриран најголем квартален пад на вредноста на овој благороден метал од 2008 година.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Резервите на злато во Србија се 38,5 тони, Македонија со 6,8 тони е втора во регионот

Орце Костов

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 килограм накит и злато во нивните возила

Русите во 2022 година купиле над 50 тони златни прачки

Горан Наумовски

Потврдено богато наоѓалиште на злато во источна Србија

А1он