Глигоров: Кина преку Србија и Балканот влегува во Европа

Од:

Земјите на поранешна СФРЈ можат да очекуваат значајни кинески инвестиции во инфраструктурата и на тој начин Кина ќе влезе на пазарот на ЕУ, вели во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни еконосмки студии.

– Тука нема никакви проблеми. Треба да се земе пред вид дека ЕУ пред се е трговска конструкција, односно трговска сила. Трговските интереси во целина се исти и барем кога се работи за вложувањата во инфраструктурата и пристапот на пазарот, нема да има препреки, рече Глигоров, оценувајќи дека не може да има спор со Кина кога се работи и за интересот на ЕУ.

Во интервјуто, Глигоров говори за тоа како ќе бидат распределени најавените десет милијарди долари од Кина и како ЕУ гледа на кинеското инвестирање на Балканот и во Европа, јави дописникот на МИА од Прага.

Според него, важно е да се почитуваат принципите на конкуренцијата кои важат во ЕУ, а во врска со доделувањето на кредитите и трговските релации.

– Можеби фактот дека Кинезите главно се интересираат за вложувања каде тие се и инвеститори и изведувачи, во случаите кога се оди без тендер, може да биде проблем со прописите на ЕУ, додава Глигоров, кој смета дека заедничкиот интерес ќе ги натера двете страни да најдат заеднички јазик.

Глигоров оцени дека главната цел на Кина е пласирање на нејзината стока на пазарите на Европа и таа нема политички мотиви и интереси, а Балканот има транзитна улога.

– Голем број балкански земји, на еден или друг начин се транзитни земји, така што се интересни за кинеските инвеститори, вели Глигоров, предупредувајќи дека единствен проблем е внатрешната балканска инфраструктура која не е интересна за Кина.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1