Гигантски компании се обединуваат, пораст од 67 отсто

Од:

Вредноста на договорите за спојување и преземање компании на глобално ниво достигна рекордно ниво во првиот квартал од оваа година од 1.200 милијарди долари.

Даночната реформа во САД и брзиот економски раст во Европа поттикнаа многу компании да склучат нови бизниси.

Додека вредноста на глобалните договори за спојување и преземања се зголеми во првото тромесечие за 67 отсто на годишно ниво, бројот на склучени бизниси се намали за 10 проценти, на 10.338, покажуваат прелиминарните податоци на компанијата Томсон Ројтерс, што укажува на фактот дека вредноста на склучените договори просечно се зголемува.

Меѓу најголемите бизниси во овој квартал е договорот на американската компанија Сигна Корп за преземање на американскиот фармацевтски синџир Експрес Скриптс Холдинг, вреден 67 милијарди долари, како и договорот на германската компанија Е.ОН, која за 38,5 милијарди долари ја купи Иноџи, компанија на РВЕ за обновливи извори на енергија.

Во Европа двојно е зголемено спојувањето на компании во првиот квартал, во САД е зголемено за 67 отсто, а во Азија за 11 проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол