Германските економисти бараат Берлин да се бори за останување на Лондон во ЕУ

Од:

Иако одлуката на Велика Британија за напуштање на ЕУ не предизвика никави негативни последици по германската економија, германски економски експерти сметаат дека вреди владата во Берлин да се бори за задржување на Лондон во Европската Унија.

– Во врска со Брегзит досега не видовме никаков лош економски ефект на краток рок, освен што видовме последици по Велика Британија. Нашиот заклучок е дека затоа вреди да се бориме Лондон да не ја напушти ЕУ, изјави денеска на прес-конференција Кристоф Шмид, шеф на германскиот Совет на економски експерти,

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Шмид, најголемиот проблем за Европската унија не беше влошување на европската економија, туку политичкиот хаос по референдумот во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД