Германскиот вицеканцелар се изјасни против Северен тек 2

Од:

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек, кој е и министер за економски прашања и за заштита на климата, оцени дека пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 ќе ја зголеми зависноста на неговата земја од рускиот гас, принудувајќи ги властите да ги диверзифицираат рутите за снабдување со гас. Ваквото мислење тој го искажа во денеска објавеното интервју за медиумската групација „Функе“.

– Од геополитичка гледна точка, Северен тек 2 ја зголемува не само зависноста од рускиот гас, туку и фокусот врз рутата за снабдување која е крајно ранлива, рече Хабек. Северен тек 2 ја покренува потребата за диверзификација на нашите извори за снабдување со гас. Настаните од последните недели и конфликтот во источна Украина ја зголемија нашата загриженост дека испораките на руски гас се против германските интереси, рече тој. – Треба подобро да се подготвиме за следната зима, потенцира германскиот вицеканцелар.

– Геополитичката ситуација, исто така, не принудува да создадеме други можности за увоз и диверзификација на рутите за снабдување, што вклучува развој на инфраструктурата, рече тој. Според Хабек, ова прашање е од областа на безбедносната политика. – Треба да дејствуваме овде и да обезбедиме подобра заштита. Ако не го сториме тоа, ќе станеме играчка, истакна Хабек.

Вицеканцеларот посочи дека пазарот на гас во Германија во моментов не е регулиран на ниту еден начин. -Досега немавме можност за државна интервенција. Оваа состојба не треба да продолжи, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц