Германскиот „Сименс“ е заинтересиран за францускиот „Алстом“

Од:

Германската група „Сименс“ може да предизвика изненадување со најавеното купување на дел од активностите на француската група „Алстом“ од страна на американската група „Џенерал Електрик“, јави дописникот на МИА од Париз.

Веста за интересот на германската група „Сименс“ доаѓа во моментот кога првиот човек на „Џенерал Електрик“ се очекува да пристигне во Париз за да го потврди „дилот“ со „Алстом“, односно продажбата на енергетската индустриска гранка.

Според информациите до кои дојде париски „Фигаро“, „Сименс“ испратил писмо со конкурентска понуда во споредба со таа на „Џенерал Електрик“.

alstom

Германската компанија има двојна понуда, да ја купи енергетската гранка на „Алстом“, слично како „Џенерал Електрик“, но притоа предлага на „Алстом“ да му отстапи половина од својата гранка за производство на средства за транспорт.

Целта е да се зацврсти индустриската гранка за транспорт на „Алстом“, кој меѓу другото ги гради и ТГВ (возовите за голема брзина) во Франција и со тоа се создаваат два европски гиганти, првиот во енергетската област, вториот во транспортот.

Претходно „Семенс“ објави соопштение во кое објаснуваше дека е подготвен да разговара за стратегистките прашања подигнати во однос на идната соработка.

Според пишувањето на париски „Ле Монд“, германската група веќе две години се обидува да склучи сојуз со „Алстом“ и според изворот на „Ле Монд“, „Семенс“ е подготвен да претстави конкурентна европска понуда на таа на „Џенерал Електрик“ или на јапонската „Мицубуши Хеви Индустри“.

Ваквото сценарио според француските медиуми и се допаѓа на француската Влада, која се обидува да ја реактивира можноста за сојуз или фузионирање на некои активности на „Алстом“ со тие на „Семенс“, со цел да се создаде „голема француско-германска компанија за енергетската транзиција“, која ја посакува претседателот Франсоа Оланд, како што самиот рече на пре-конференција во јануари.

Но дирекцијата на „Алстом“ не сака да слушне за „Ербасот за енергијата“, бидејќи тоа ќе доведе до „социјален масакр за вработените во Алстом“ со оглед дека „Алстом“ и „Сименс“ имаат многу слична индустрија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски