Германската Влада го активира вториот степен од планот за вонредно снабдување со гас

Од:

Германската Влада ја активираше втората од трите степени на планот за вонредно снабдување со гас, соопшти денеска Министерството за економија.

Во соопштението од германското Министерство за економија се наведува дека „снабдувањето со гас во моментот е сигурно, но оти ситуацијата и понатаму е тензична“, соопшти Министерството за економија.

Според дефиницијата, вториот така наречен алармантен степен од планот за итно снабдување со гас се активира во случај на прекин на снабдувањето или при зголемена побарувачка. Во вториот степен државата сè уште не интервенира туку остава пазарот да ја регулира состојбата.

Започнувањето на вториот степен од планот за итно снабдување со гас и овозможува на Владата да го интензивира активирањето на електраните на јаглен, кои поради владината борба против климатските промени изминатите години не беа во употреба.

Во третиот степен, државата ја контролира дистрибуцијата на гас и го намалува протокот, при што домаќинствата како и објектите од посебно значење, како што се болниците се особено заштитени од редукција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори