Германската сила не е бесконечна, ама ќе заврши работа

Од:

Во последните неколку недели сите изјави апелираат дека еврото се наоѓа пред колапс, изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред парламентот и во голема мерка ги оцени како „контрапродуктивни” предлозите Германија да ги искористи своите ресурси и да ја спаси Европа. –Германската сила не е бесконечна, истакна таа.

Германските гласачи се уште скептични во потребата на ивните лидери да ги спасат „мрзеливите” и „расипнички” соседи. Иако повеќето од анкетарите сакаат да се задржи единствена валута, четири од пет Германци сакаат Грција да ја напушти еврозоната, несвесни за верижната реакција дека потоа ќе дојдат на ред Португалија, Шпанија, па дури и Италија.

Сепак, Меркел знае дека Германија на крајот мора да попушти и да плати за да го спаси еврото поради три добри причини.

Прво, еврото добро се држи во Германија.

Второ, трошоците, најверојатно, ќе бидат многу помали отколку што повеќето Германци веруваат. Трето, и можеби најважно, откажувањто од еврото ќе ја чини Германија многу повеќе отколку обидот да се задржи оваа валута заеднички.

И откако почна кризата во Германија, благодарение на еврото таа многу брзо застана на нозе. Успешно се справи со невработеноста, платите им се зголемија, а извозот на стока отскокна.

За ова таа многу му должи на еврото, но и на своите земји соседи. Од доаѓањето на единствена валута, трошоците за работна сила во Германија опаднаа за повеќе од 15 отсто во однос на просечната цена на трудот на сите земји кои го користат еврото, а околу 25 отсто во однос на останатите. Ако не бидатплатени пари за да се задржи еврото, германската марка ќе го осакати буџетот најпрво со цената на разликата во валутете, а подоцна и со извоз со кој ја хранат својата економија во текот на последната деценија.

Како и да е германските економисти веќа ја туркаат приказната дека Германија веќе потроши огромни суми за опстанок на еврото, па она што и останува да го направи ќе биде само мал дел за подобрата иднина бидејќи ако успее, подоцна сите пари ќе и бидат вратени.

Би можело да ве интересира

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Силен земјотрес во Грција